Кошаркарите на Денвер како гости утринава ја победија екипата на Филаделфија со 137:134 и така ја прекинаа низата од три порази по ред. Најзаслужен за победата на Денвер беше српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 8 коша во последната минута со што направи преврт во резултатот.

Најефикасен кај Денвер беше Џамала Мари со 31 кош, а Јокиќ  го заврши натпреварот со 28 коша, 13 асистенции и 9 скокови.

Кај Филаделфија Тајрис Макси постигна 42 коша, Гершон Јабуселе постигна 28 кош што е негов личен рекорд во НБА кариерата, а Кели Убре 27.  Денвер Нагетс се 4-ти на западот, а Филаделфија е на 11 место на истокот.

 

 

Слични новости

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, го повреди мускулот на десната бутина на мечот против Еспањол во саботата и е неизвесен неговиот настап во првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити