Кошаркарите на Денвер како гости утринава ја победија екипата на Филаделфија со 137:134 и така ја прекинаа низата од три порази по ред. Најзаслужен за победата на Денвер беше српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 8 коша во последната минута со што направи преврт во резултатот.
Најефикасен кај Денвер беше Џамала Мари со 31 кош, а Јокиќ го заврши натпреварот со 28 коша, 13 асистенции и 9 скокови.
Кај Филаделфија Тајрис Макси постигна 42 коша, Гершон Јабуселе постигна 28 кош што е негов личен рекорд во НБА кариерата, а Кели Убре 27. Денвер Нагетс се 4-ти на западот, а Филаделфија е на 11 место на истокот.
Слични новости
Серија А: Рома и Интер во 93. минута до бод против Наполи и Милан
Наполи, лидерот во италијанската Серија А, водеше со 1:0 до 93. минута на „Олимпико“ против Рома, но последниот неделен меч од 23. коло заврши без победник
Премиер лига: Арсенал го победи Манчестер Сити со 5:1
Во дерби натпреварот од 24. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Арсенал на својот стадион „Емирати“ го совладаа Манчестер Сити со 5:1
Манчестер Јунајтед го доведе Данецот Доргу
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата