Кошаркарите на Денвер утринава по продолженија го победија тимот на Чикаго со 151:145 и ја забележаа третата последователна победа во НБА лигата.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј со 45 коша и седум асистенции, а Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл со 37 коша, 18 скокови и 11 асистенции.

Кај Чикаго најефикасен беше Бади Хилд со 33 коша од кои 7 тројки, а трипл давл имаше Џош Гиди со 23 коша, 22 асистенции и 14 скокови.

Со победата Денвер се проби на шестото место во западната конференција со 10 победи и 5 порази.

 

Слични новости

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома

Шпанскиот весник Марка пишува дека тренерот на Рома Гасперини му нуди на бразилецот значајна улога во тимот кој се натпреварува во Лигата на шампионите и води трка за освојување на скудетото.