Оклахома утринава го победи Денвер со 96:84 во првиот натпревар за Денвер Нагетс оваа сезона. Одбраната на Оклахома успеа да го задржи Денвер, кој е еден од најефикасните тимови во НБА на само 84 коша.

Кај Оклахома најефикасни беа Џејлен Вилијамс со 21 кош, ШГА даде 17, а Чет Холгрен забележа 12 поени со 17 скокови.

Во редовите на Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 20 коша, а Јокиќ и Де Розан постигнаа по 13.

Оклахома успеа да ги задржи Јокиќ на шут 5 од 19, а Џамал Мари на шут 2 од 11.

Слични новости

Хулијан Алварез одбива да тренира во Атлетико Мадрид

Хулијан Алварез го извести клубот дека нема веќе да тренира со тимот и дека сака да замине од Атлетико пред крајот на преодниот рок. Навивачите на клубот се свртеа ротив еден од најдобрите играчи, нервозата во Атлетико расте, а Алварез се однесува непрофесионално.

Тотенхем со силни засилувања во преодниот рок

Де Зерби е посебно заинтересиран за крилниот напаѓач на Манчестер сити Савињо, а медиумите пренесуваат дека Тотенхем се обидува да ги доведе во пакет Савињо и Омар Мармуш од Манчестер сити.

Пејтон Вотсон замина од Денвер за Кливленд, а Денвер не доведе ниту еден играч во размената

Пејтон Вотсон замина од Денвер Нагетс и заврши во Кливленд Кавалиерс во договоор во кој беа вклучени три клуба. Нагетси добија незаштитен пик од првата рнда на драфтот во 2031 од Кливленд како и пик од втората рунда од Сакраменто во 2032, без да добијат ниту еден играч во замена за Вотсон.