Оклахома утринава го победи Денвер со 96:84 во првиот натпревар за Денвер Нагетс оваа сезона. Одбраната на Оклахома успеа да го задржи Денвер, кој е еден од најефикасните тимови во НБА на само 84 коша.

Кај Оклахома најефикасни беа Џејлен Вилијамс со 21 кош, ШГА даде 17, а Чет Холгрен забележа 12 поени со 17 скокови.

Во редовите на Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 20 коша, а Јокиќ и Де Розан постигнаа по 13.

Оклахома успеа да ги задржи Јокиќ на шут 5 од 19, а Џамал Мари на шут 2 од 11.

Слични новости

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Центарфорот на Барен Минхен Хари Кејн е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата. Англичанецот ја доби наградата што ја доделува магазинот „Кикер“ врз основа на гласањето на Здружението на германски спортски новинари.