Оклахома утринава го победи Денвер со 96:84 во првиот натпревар за Денвер Нагетс оваа сезона. Одбраната на Оклахома успеа да го задржи Денвер, кој е еден од најефикасните тимови во НБА на само 84 коша.
Кај Оклахома најефикасни беа Џејлен Вилијамс со 21 кош, ШГА даде 17, а Чет Холгрен забележа 12 поени со 17 скокови.
Во редовите на Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 20 коша, а Јокиќ и Де Розан постигнаа по 13.
Оклахома успеа да ги задржи Јокиќ на шут 5 од 19, а Џамал Мари на шут 2 од 11.
Слични новости
Рома со пресврт во завршницата ја победи Аталанта
Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.
ПСЖ го продолжи договорот со Луис Енрике до 2030-та година
Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен го продолжи договорот со шпанскиот тренер Луис Енрике до 2030-та година, соопшти францускиот шампион. Освен шампионските титули на Франција, Луис Енрике на два пати последователно ја освои и титулата европски шампион.
Тотенхем поразен и во второто коло од Премиер лигата иако потроши најмногу пари за засилувања во светот
Тотенхем летоска потроши преку 400 милиони евра на збучни засилувања, но тимот никако да се вклопи и се најде на последното место на Премиер лигата со два убедливи порази и без постигнат гол.


