Водечкиот тим на Истокот Детроит Пистонс утринава го поразија Денвер Нагетс со 124:121, а тренерот на Денвер Нагетс ги обвини судиите дека не досудиле голем број на фаули, особено врз Никола Јокиќ.

Тој рече дека натпреварот бил искличително физички, особено под обрачите врз Јокиќ кој изведе само 3 слободни фрлања, за разлика од ѕвездата на Деторит канингем кој изведе 11.

Аделман рече и дека неговиот тим се наоѓа во период на транзиција откако на теренот се вратија Кристијан Браун и Никола Јокиќ и дека постепено ќе се укинува рестрикцијата во минутите што ги има Јокиќ по повредата.

Српскиот центар утринава постигна 24 коша и 15 скокови, а најефикасен кај Денвер беше Џамал Мари со 32 коша и 8 асистенции. Денвер вечерва на турнејата на истокот игра против Њујорк Никс.

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.