Денвер Нагетс изутринава загубија на гостински терен од Портланд Треил Блејзерс, а српскиот центар Никола Јокиќ не успеа да стане првиот играч во НБА кој отворил сезона со 5 трипл-даблови, а за тоа му фалеше една асистенција.

Јокиќ го заврши натпреварот со 21 кош, 14 скокови и 9 асистенции.

Денвер беше постојано во водство и се чинеше дека го контролира натпреварот, но не ги реализира последните два напади, додека домаќините постигнаа поени и славеа врз фаворизираниот Денвер.

Кај Портланд најефикасен беше Дени Авдија со 23 коша, а Шејдон Шарп постигна 19, а кај Денвер освен Јокиќ, двоцифрени беа и Мари со 22 и Гордон со 14 поени.

 

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0