Денвер Нагетс утринава ги победија Лејкрес со резултат 131:126 многу потешко од што се очекуваше. Лејкерс водеа до пред самиот крај на натпреварот, кој заврши со серија од 8:0 за Денвер. Најпрвин резултатот го израмни Јокиќ со кош и дополнително слободно фрлање.

Во следниот напад Лејкрес не погодија, а Џамал Мари постигна тројка, за на крај Расел Вестбрук да го пресече последниот напад на Лејкерс и со кош да го постави конечниот резултат 131:126.

Во тимот на Денвер најефикасни беа Јокиќ со 28, Мари со 26 и Браун со 22 коша.

 

Лејкерси играа без своите две големи ѕвезди повредените Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Кај Лејкерс извонредно одигра Остин Ривс со 37 коша и 13 асистенции и Далтон Кнахт со 32 коша.

Денвер ја задржа втората позиција во западната конференција, а Лејкрес по три последователни порази се на петтото место и водат борба да останат во првите шест места што водат во плеј офот.

Слични новости

Милан го потврди Алегри

Милан го потврди Алегри

Милан официјално потврди во петокот дека Масимилијано Алегри ќе ја преземе тренерската функција, кој ќе има тешка задача да го оживее клубот по разочарувачката сезона 2024/25