
Денвер Нагетс утринава ги победија Лејкрес со резултат 131:126 многу потешко од што се очекуваше. Лејкерс водеа до пред самиот крај на натпреварот, кој заврши со серија од 8:0 за Денвер. Најпрвин резултатот го израмни Јокиќ со кош и дополнително слободно фрлање.
Во следниот напад Лејкрес не погодија, а Џамал Мари постигна тројка, за на крај Расел Вестбрук да го пресече последниот напад на Лејкерс и со кош да го постави конечниот резултат 131:126.
Во тимот на Денвер најефикасни беа Јокиќ со 28, Мари со 26 и Браун со 22 коша.
Лејкерси играа без своите две големи ѕвезди повредените Лука Дончиќ и Леброн Џејмс. Кај Лејкерс извонредно одигра Остин Ривс со 37 коша и 13 асистенции и Далтон Кнахт со 32 коша.
Денвер ја задржа втората позиција во западната конференција, а Лејкрес по три последователни порази се на петтото место и водат борба да останат во првите шест места што водат во плеј офот.
Слични новости
Ѓоковиќ изјави дека не знае уште колку Гренд слемови има во себе
Прекрасно е чувството што се враќам тука една година подоцна. Не знам на уште колку Гренд слемови ќе учествувам. Сакам да го извлечам максимумот од сето тоа, особено од овој Гренд слем, рече Ѓоковиќ
Фуриозен настап на Халибартон, Пејсерс на праг на големото финале
Разигрувачот на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, постигна трипл-дабл со 32 поени, 15 асистенции и 12 скока без изгубена топка во победата од 130:121 над Њујорк Никс
Индијана поведе со 3:1 против Њујорк и е на чекор до големото финале во НБА
Тајрис Халбартон стана првиот играч во историјата на НБА со натпревар во кој постигнал повеќе од 30 коша, 15 асистенции и 10 скокови, а притоа немал загубено топка.