Кошаркарите на Денвер нагетс утринава ги победија Минесота Тимбервулфс со 125:113 и намалија во серијата до 4 победи на 3:2. Кај Денвер најдобар поединец беше Никола Јокиќ со 27 коша, 16 асистенции и 12 скокови. Џамал Мареј постигна 24 коша, а Спенсер Џоунс 20.

Кај Минесота најефикасен беше Џулиус Рендл со 27 коша и 9 скока, додека Ајо Досумну постигна 18 поени.

Шестиот натпревар се игра во четврток ноќта во Минесота, а настапот на Арон Гордон и Ентони Едвардс кои не играа на петтиот меч и натаму е неизвесен. Сезоната за Донте ДиВиченцо е завршена и тој веќе беше опериран откако ја искина ахиловата тетива на четвртиот меч.

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.