Денвер Нагетс неочекувано го забележа и вториот пораз на последните три натпревари од Голден Стејт кој играше без своите најдобри играчи. Вориорс ги победија Нагетс со 128:117 и покрај отсуството на Стеф Кари, Кристапс Порзингис, Џереми Батлер и Дрејмонд Грин.

Кошаркарите на Голден стејт шутираа извонредно за тројка и во првото полувреме постигнаа дури 15 тројки за импресивни 76 коша, што им е рекорд на сезоната и тоа без најдобриот шутер за тројка Стеф Кари. Во третата четвртина Денвер направи пресврт, но во последната четвртина Голден Стејт го доби натпреварот со серија од 12:0.

Никола Јокиќ на крајот забележа 35 коша, 20 скокови, 12 асистенции и неколку украдени топки и блокади, но сепак недоволно за Денвер да ја забележеи очекуваната победа.

 

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.