Кошаркарите на Денвер утринава на свој терен го победија тимот на Орландо со 112:90, со што ја забележаа петтата последователна победа во НБА. Мечот беше решен во третата четвртина кога Денвер се одлепи на 28 поени разлика, па нивниот најдобар играч Никола Јокиќ воопшто немаше потреба да влегува на теренот во последниот период.

 

За три четвртини Јокиќ постигна 28 коша, 12 асистенции и 10 скока, со што го постигна својот 24 трипл дабл, најмногу во НБА лигата сезонава. Мајкл Портер Џуниор постигна 30 поени, а кај Денвер поради повреда отсуствуваа двата клучни бекови Џамал Мари и Расел Вестбрук.

Кај тимот на Орландо Вендал Картер постигна 19, Паоло Бианкеро 18 коша, а Франц Вагнер 14. 

Со победата утринава Денвер изби на третото место на западот и го претекна Хјустон, кој утринава загуби од Минесота 114:127.

Слични новости

Барселона од 0:2 до победа на Метрополитано

Барселона од 0:2 до победа на Метрополитано

Во дербито на 28. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона ја надомести негативата од два гола на мадридскиот стадион „Метрополитано’ и го совлада домашниот тим Атлетико со 4:2