Денвер Нагетс ја продолжија низата победи и сега имаат шест победени натпревари во низа откако ги победија Голден Стејст со 116:93.

Никола Јокиќ постигна 25 коша, со 15 скокови и 8 асистенции, а Џамал Мари даде 20 коша со 7 асистенции. Кај ослабените Вориорс најефикасни беа Порзингис и Поџемски со по 23 коша.

Во дербито на денот шампионот Оклахома ги победи Њујорк Никс со 111:100.

ШГА постигна 30 коша, а Џејлен Вилијамс се врати по повредата и даде 22 коша за Оклахома која победи на 14 од последните 15 мечеви. Кај Њујорк најефикасен беше Брансон со 32 коша, а Таунс постигна 15 кошеви со 18 скока.

Слични новости

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул минатата сезона ја освои титулата и полесно од тоа што се очекуваше, а кога клубот летоска потроши 450 милиони евра на нови засилувања, се веруваше дека Ливерпул повторно ќе биде главен кандидат за освојување на титулата.