Српскиот центар Никола Јокиќ утринава имаше уште една доминантна партија против тимот на Мајами Хит со 33 коша, 16 асистенции, 15 скокови и 3 украдени топки.

Ова беше 11-та победа во низа на Денвер врз Мајами, а преклани играа и во големото НБА финале кога Денвер славеше со 4:1.

За старт на Дневер од 4 победи без ниту еден пораз на нивниот домашен терен во Колорадо помогнаа и Арон Гордон со 24 коша и резервниот бек Тим Хардавеј постигна 18 коша со 4 тројки.

Кај Мајами најпрецизен беше Норман Пауел со 23 коша, а Ендрју Вигинс постигна 22. Во тимот на Мајами се повреди центарот Бам Адебајо кој не влезе во игра по првата четвртина од натпреварот.

Слични новости

Слот пред заминување од „Енфилд“

Слот пред заминување од „Енфилд“

Ден по тешкиот пораз од 1:4 на домашен терен од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, англискиот фудбалски великан Ливерпул одржа кризен состанок на раководството на клубот