Денвер Нагетс утринава на гостински терен славеа против Хјустон Рокетс со 112:109, благодарение на уште една блескава партија на Никола Јокиќ. Српскиот центар постигна 34 коша со 10 скока и 9 асистенции.

Џамал Мари постигна 26 коша со 10 асистенции. Кај тимот на Хјустон Рид Шепард постигна 27 поени, Томпсон 22, а Џабари Смит 21 кош.

На почетокот од натпреварот кај Денвер се повреди Арон Гордон кој ја истегна задната ложа, повреда што ја влече уште од минатата сезона.

Лидер на Западната конференција е тимот на Оклахома со 16 победи и само еден пораз, а Денвер е втор со скор од 12 победи и 3 порази.

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0