Денвер Нагетс утринава ги победија Торонто Рапторс со 121:115 и се искачија на петтото место во исклучително компетитивната Западна конференција на НБА лигата. Натпреварот беше решен во последната минута во која двата тима влегоа со ист број на кошеви.

Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 22 коша, 9 асистенции и 8 скокови, но и со само 2 загубени топки, по неславниот рекорд што го постигна според бројот на загубени топки во Мемфис.

Минесота  ја загуби петтата позиција од Денвер откако неочекувано пред своја публика загуби од Портланд со 108:104. Портланд влезе во серија победи и се искачи на 8-то место, што носи поповолен распоред во плеј-инот.

 

 

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.