Денвер Нагетс утринава ги победија Торонто Рапторс со 121:115 и се искачија на петтото место во исклучително компетитивната Западна конференција на НБА лигата. Натпреварот беше решен во последната минута во која двата тима влегоа со ист број на кошеви.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 22 коша, 9 асистенции и 8 скокови, но и со само 2 загубени топки, по неславниот рекорд што го постигна според бројот на загубени топки во Мемфис.
Минесота ја загуби петтата позиција од Денвер откако неочекувано пред своја публика загуби од Портланд со 108:104. Портланд влезе во серија победи и се искачи на 8-то место, што носи поповолен распоред во плеј-инот.
Слични новости
Упамекано останува во Баерн Минхен до 2030
Францускиот фудбалер Дајо Упамекано го продолжи договорот со Барен од Минхен до 30 јуни 2030-татата година, соопшти клубот од Баварија.
Крис Пол ја заврши НБА кариерата на 40 години
Торонто Рапторс го отпуштија Крис Пол, јавија американските медиуми и со тоа ја завршија големата кариера на еден од најдобрите плејмејкери во НБА во своето време.
Нов трипл-дабл на Јокиќ за Денвер
Јокиќ постигна 26 коша, 15 скокови и 11 асистенции и сезонава на 39 одиграни натпревари има 20 трипл-даблови.


