Денвер Нагетс го потпишаа 37 годишниот ветеран Демар Дерозан кој досега играше за тимот на Сакраменто. Дерoзан е шесткратен Ол стар играч, а потпиша ветерански договор од 3,9 милиони долари за една година.
Управата на Денвер реагираше по заминувањето на Пејтон Вотсон, кој потпиша договор од 84 милиони долари со Кливленд.
ДеРозан во минатата сезона одигра 77 мечеви за Сакраменто и во просек даваше по 18,4 поени, со по 3 скока и 4 асистенции.
Претходно во кариерата Дерозан играше за Торонто, Сан Антонио и Чикаго.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
