Денвер Нагетс го потпишаа 37 годишниот ветеран Демар Дерозан кој досега играше за тимот на Сакраменто. Дерoзан е шесткратен Ол стар играч, а потпиша ветерански договор од 3,9 милиони долари за една година.
Управата на Денвер реагираше по заминувањето на Пејтон Вотсон, кој потпиша договор од 84 милиони долари со Кливленд.
ДеРозан во минатата сезона одигра 77 мечеви за Сакраменто и во просек даваше по 18,4 поени, со по 3 скока и 4 асистенции.
Претходно во кариерата Дерозан играше за Торонто, Сан Антонио и Чикаго.
Слични новости
Се погласни извешатите од Англија дека Манчестер јунајтед ќе му даде отказ на Мајкл Керик
Англиските медиуми се поотворено пишуваат дека Манчестер јунајтед ќе му даде отказ на Мајкл Керик, кој вечерва ќе го води тимот на „Метрополитано“ против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Тибо Куртоа ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид
Куртоа ќе потпише за Реал Мадрид до летото 2028, кога ќе наполни 36 години и ќе заокружи полна деценија во кралскиот клуб од Мадрид. Куртоа дојде на Сантјаго Бернабе во 2018 и со клубот освои три титули во Шпанија и две титулуи европски шампион.
Ковентри го декласираше Њукасл со 4:1
Фудбалерите на Ковентри синоќа на свој терен го победија Њукасл со 4:1 во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата. Њукасл е на 11-тото место на табелата на Премиер лигата со 8 бодови, додека Ковентри е на 14-тото место со шест.


