Денвер Нагетс го победија на домашен терен тимот на Сакраменто Кингс со 116:110 по пресврт во завршницата, откако Сакраменто постојано беше во водство во текот на целиот натпревар.

Во последната четвртина Денвер заигра многу цврста одбрана и ја доби со 32:17, што беше клучно за победата на Нагетс, кои водат борба со Лејкерс за втората позиција во Западната конференција.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Расел Ветбрук кој постигна 25 поени, а Никола Јокиќ постигна 22 коша и 15 скокови.

Кај Сакраменто најдобар беше ДеМар ДеРозан со 35 коша, а Зак Лавин постигна 19. Сакраменто настапи без својата прва ѕвезда центарот Домантас Сабонис.

Слични новости

НБА: Џејмс и Дончиќ пишуваат историја

НБА: Џејмс и Дончиќ пишуваат историја

Со „тројка“ во првата четвртина, Џејмс стана првиот играч кој достигна 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и натпреварите во плејофот заедно