На протестите во Франција и Италија синоќа повторно имаше нереди. Во Франција за време на демонстрациите се уапсени околу 1.000 луѓе.

Судири имаше и во центарот на Рим откако демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордно кон државните институции, фрлајќи шишиња врз полицајците. Полицијата одговори со водени топови и солзавец.

И полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади луѓе кои учествуваа во немирите. Италијанските медиуми пренесуваат дека голем број на сопственици на дуќани во најзагрозените улици ги заштитиле излозите со дрвени плочи, за да не им се слуши кршење на излозите како во Милано.

Судири на демонстантите и полицијата имаше и во Тирана каде што биле повредени 13 лица.

Слични новости

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иранската револуциоенрна гарда соопшти дека нејзините сили погодиле танкер кој пловел под знамето на Того во подрачјето на Ормутскиот теснец.
Танкерот „Тренд“ бил погоден, а потоа преретнат откако на него избувнал пожар, се наведува во соопштението на Техеран.