Според најновите резултати од гласањето на половина од мандатот во САД Демократската партија освои 229 места во Конгресот, а Републиканците имаат освоено 163.За пополнување на сите 435 места во Конгресот, остануваат пребројувањето на резултатите во повеќе американски сојузни држави каде што резултатите се изедначени.

На Демократите им беше потребно да ги задржат своите места, а да освојат четири на Републиканците за да имаат 218 места во Конгресот, а досега успејаа да освојат најмалку 27 нови и сега е јасно дека тие ќе имаат огромно мнозинство во претставничкиот дом на САД со над 260 освоени мандати.

 

Демократите го обезбедија мнозинството и во Сенатот каде што ќе имаат најмалку 54 мандати, а за мнозинство им се потребни 51.

Изборите за Конгресот во САД се претворија во референдум за и против Доналд Трамп, на кои актуелниот американски претседател претрпе огромен пораз, многу поубедлив од најоптимистичните проекции на Демократите.

Аналитичарите сметаат дека ова е почеток на крајот и на „МАГА“ заедницата, чија сила во два наврати успеа да го донесе Доналд Трамп во Белата куќа.

Слични новости

Цената на нафтата Брент надмина 107 долари за барел, откако Трамп го одби предлогот на Иран

Цената на нафтата Брент надмина 107 долари за барел, откако Трамп го одби предлогот на Иран

Трамп ја одби понудата на Техеран за окончување на војната и повторно отварање на Ормутскиот теснец и им порача на сојузниците да очекуваат продолжување на американските удари врз Иран по изборите за Конгресот во ноември, објави „Волстрит џурнал“.