Демократските конгресмени ја разгледуваат можноста за поднесување на тужба против американскиот претседател Трамп доколку ја продолжи воената операција против Иран по Први мај, без одобрение на Конгресот.
Според Законот за воени овластувања од 1973, американскиот претседател е должен да го извести Конгресот за воведување на американските оружени сили во воени акции.
По такво известување, операцијата може да трае 60 дена без посебно одобрение на Конгресот, а потоа претседателот е должен да ја прекине употребата на оружените сили, освен ако Конгресот не одобри продолжение на воените операции.
Администрацијата на Трамп го извести Конгресот за почетокот на воената акција против Иран на 2-ри март, што значи дека рокот од 60 дена истекува во петок на Први мај.
Демократите тврдат дека продолжувањето на операцијата по тој датум без формална согласност на Конгресот, може да претставува основа за судски спор и судир околу уставните овластувања на претседателот.
Слични новости
Нови напади на Израел и Америка во Иран
Aмериканско-израелските напади ги ослабнале иранските капацитети, Техеран и натаму располага со ракети скриени под земја и во тајни локации.
Моџтаба Хамнеи, син на убиениот Али Хамнеи е избран за нов ајатолах на Иран
Иранскиот лидерски совет го избра Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен лидер на Иран, на инсистирање на Иранската револуционерна гарда
По нападите со дронови врз Кипар, Франција и Грција испраќаат заштита
Кипар ја зајакнува својата одбрана откако Франција најави испраќање фрегата, противракетни и анти-дрон системи, додека Грција веќе распореди четири...


