Демократските конгресмени ја разгледуваат можноста за поднесување на тужба против американскиот претседател Трамп доколку ја продолжи воената операција против Иран по Први мај, без одобрение на Конгресот.
Според Законот за воени овластувања од 1973, американскиот претседател е должен да го извести Конгресот за воведување на американските оружени сили во воени акции.
По такво известување, операцијата може да трае 60 дена без посебно одобрение на Конгресот, а потоа претседателот е должен да ја прекине употребата на оружените сили, освен ако Конгресот не одобри продолжение на воените операции.
Администрацијата на Трамп го извести Конгресот за почетокот на воената акција против Иран на 2-ри март, што значи дека рокот од 60 дена истекува во петок на Први мај.
Демократите тврдат дека продолжувањето на операцијата по тој датум без формална согласност на Конгресот, може да претставува основа за судски спор и судир околу уставните овластувања на претседателот.
Слични новости
Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно
Доколку Иран направи нешто што ќе го запре протокот на нафта низ Ормускиот Проток, тие ќе бидат погодени од САД дваесет пати посилно отколку што беа погодени досега, се закани Трамп
Турција распореди систем „Патриот“поради ракетни закани од конфликтот со Иран
Турското Министерство за одбрана соопшти дека американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распореден во југоисточната провинција Малатија
Израел: Војната со Иран може да трае долго
Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека војната со Иран може да трае долго и ги повика офицерите да се подготват за продолжен конфликт.


