Демократските конгресмени ја разгледуваат можноста за поднесување на тужба против американскиот претседател Трамп доколку ја продолжи воената операција против Иран по Први мај, без одобрение на Конгресот.

Според Законот за воени овластувања од 1973, американскиот претседател е должен да го извести Конгресот за воведување на американските оружени сили во воени акции.

По такво известување, операцијата може да трае 60 дена без посебно одобрение на Конгресот, а потоа претседателот е должен да ја прекине употребата на оружените сили, освен ако Конгресот не одобри продолжение на воените операции.

Администрацијата на Трамп го извести Конгресот за почетокот на воената акција против Иран на 2-ри март, што значи дека рокот од 60 дена истекува во петок на Први мај.

Демократите тврдат дека продолжувањето на операцијата по тој датум без формална согласност на Конгресот, може да претставува основа за судски спор и судир околу уставните овластувања на претседателот.

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона