Демократските конгресмени ја разгледуваат можноста за поднесување на тужба против американскиот претседател Трамп доколку ја продолжи воената операција против Иран по Први мај, без одобрение на Конгресот.

Според Законот за воени овластувања од 1973, американскиот претседател е должен да го извести Конгресот за воведување на американските оружени сили во воени акции.

По такво известување, операцијата може да трае 60 дена без посебно одобрение на Конгресот, а потоа претседателот е должен да ја прекине употребата на оружените сили, освен ако Конгресот не одобри продолжение на воените операции.

Администрацијата на Трамп го извести Конгресот за почетокот на воената акција против Иран на 2-ри март, што значи дека рокот од 60 дена истекува во петок на Први мај.

Демократите тврдат дека продолжувањето на операцијата по тој датум без формална согласност на Конгресот, може да претставува основа за судски спор и судир околу уставните овластувања на претседателот.

Слични новости

Историски минимум за Трамп: Мнозинството Американци не се согласува со политиката на Белата куќа

Историски минимум за Трамп: Мнозинството Американци не се согласува со политиката на Белата куќа

Само 33 насто од испитаниците изјави дека го поддржува Доналд Трамп како претседател, додека дури 62 насто не ги одобруваат неговите потези. Особено е впечатливо дека дури 53 насто од анкетираните „силно се спротивставува“ на актуелниот курс на американската администрација.