Демократските конгресмени ја разгледуваат можноста за поднесување на тужба против американскиот претседател Трамп доколку ја продолжи воената операција против Иран по Први мај, без одобрение на Конгресот.

Според Законот за воени овластувања од 1973, американскиот претседател е должен да го извести Конгресот за воведување на американските оружени сили во воени акции.

По такво известување, операцијата може да трае 60 дена без посебно одобрение на Конгресот, а потоа претседателот е должен да ја прекине употребата на оружените сили, освен ако Конгресот не одобри продолжение на воените операции.

Администрацијата на Трамп го извести Конгресот за почетокот на воената акција против Иран на 2-ри март, што значи дека рокот од 60 дена истекува во петок на Први мај.

Демократите тврдат дека продолжувањето на операцијата по тој датум без формална согласност на Конгресот, може да претставува основа за судски спор и судир околу уставните овластувања на претседателот.

Слични новости

Иран и Оман за време на примирјето ќе наплатуваат такса за минување низ Ормутскиот теснец

Иран и Оман за време на примирјето ќе наплатуваат такса за минување низ Ормутскиот теснец

Двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран предводува Иран и Оман да може да наплатуваат такса на бродовите кои минуваат низ Ормусткиот теснец, изјави регионален службеник кој беше вклучен во преговорите.