Со остри критики на надворешната политика на САД, демократскиот сенатор Крис Ван Холен ги нападна државниот секретар Марко Рубио и неговиот шеф, претседателот на САД, Доналд Трамп, за преземените активности во текот на година и пол на функцијата во врска со странските интервенции.
„Господине секретаре, ова е вашето прво јавно сослушување откако претседателот Трамп и израелскиот премиер Нетанјаху започнаа нелегална војна против Иран. Нетанјаху рече дека чекал 40 години за да го стори ова.
Се испостави дека конечно нашол претседател кој бил доволно глупав и неодговорен да му се придружи. Војната уби 14 американски војници, рани стотици други и уби илјадници цивили. Ги зголемува цените на бензинот, храната и многу повеќе“, кажа во својот говор Крис Ван Холен.
Претседателот ни кажа пред 91 ден дека ние, цитирам, ја добивме војната во Иран. Минатата година, тој ѝ кажа на земјата дека клучните постројки за збогатување ураниум во Иран се целосно уништени. Дали тоа беше лажно? Да се соочиме со тоа, господине секретаре, надворешната политика на Трамп се претвори во оган од контејнер.
Слични новости
Трамп: САД не се официјално известени дека Иран ги прекинува преговорите
Трамп порача и дека евентуалната пауза во разговорите не значи дека САД планираат воена акција против Иран.
Иран издаде ултиматум
Иран ќе ги прекине преговорите со САД за мир, доколку Израел ја продолжи воената операција против Либан, порача претседателот на иранскиот парламент Мохамед Галибаф. Тој наведе дека доколку продолжат израелските напади, Иран ќе го прекине дипломатскиот процес и ќе премина на поостар одговор.
Сирени се огласија над Кувајт, САД со напади врз иранските воени објекти
Сирени и експлозии од воздушната одбрана се слушаат утрово над Кувајт Сити. Кувајт објави дека неговата воздушна одбрана отворила оган за да пресретне дојдовен бараж од ирански беспилотни летала и ракети.


