Лидерот на демократите во Конгресот Хаким Џефрис изјави дека окончувањето на „безобѕирната и скапо избрана војна во Иран“ ќе биде приоритет за новиот американски Конгрес во кој демократите од јануари ќе имаат мнозинство.
Демократите освоија 258 места во претставничкиот дом од 435 места и имаат најгоемо мнозинство од 1992-ра година.
Џефрис изјави дека демократите ќе бидат посветени на храбри и значајни промени кои ги бара американскиот народ, а дека војната со Иран е еден од приоритетите, бидејќи доведе до зголемување на цените на горивата и храната.
Џефрис најави дека Конгресот ќе се занимава и со царините на Трамп кои ги зголемија трошоците за живот на обичните Американци.
Слични новости
Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми.