Деловната активност во еврозоната забрза во октомври, со посилен прилив на нови нарачки, покажа истражувањето на S&P Global објавено во петокот.
Индексот на менаџерите за набавки (PMI) во приватниот сектор на еврозоната се зголеми во октомври за цел поен во споредба со септември и изнесуваше 52,2 поени, прелиминарна пресметка од Хамбуршката комерцијална банка (HCOB), која составува извештаи за S&P Global, што сигнализира десетти месец по ред на раст на активноста.
Неговата вредност достигна највисоко ниво за 17 месеци.
Вредностите над 50 поени сигнализираат зголемување на активноста, додека оние под нив сигнализираат пад.
Активноста во секторот услуги ја предводеше експанзијата, според растот на PMI во октомври за 1,3 поени, на 52,6 поени.
Активноста во производствениот сектор, исто така, забрза но многу поблаго, според зголемувањето на вредноста на индексот за само 0,2 поени, на 51,1 поен.
Компаниите во услужниот сектор создадоа работни места со најбрзо темпо од јуни 2024 година. Индустријата, од друга страна, го намали бројот на вработените за да се прилагоди на послабата побарувачка.
Активноста во Германија се зголеми „солидно“, а во Франција забележа најизразен пад од февруари, открива HCOB.
„Франција сè повеќе се претвора во тежина за економијата на еврозоната. Додека економската состојба во Германија значително се подобри во октомври, Франција забележа посилен пад, втор месец по ред“, наведува главниот економист на HCOB, Кирус де ла Рубија.
„Бидејќи Франција е важен купувач на стоки и услуги од други земји од еврозоната, нејзината слабост е важен фактор во сè уште кревкото закрепнување на остатокот од еврозоната“, објаснува Де ла Рубија.
Со исклучок на двете водечки економии, еврозоната го забележа својот најсилен раст на деловната активност за две ипол години во октомври.
Сепак, деловните лидери се повнимателни во своите прогнози за следните 12 месеци, и покрај подобрената активност и нарачки, при што индексот падна на најниско ниво од почетокот на летото.
„Расположението беше релативно потиснато во Германија и Франција, но компаниите во остатокот од еврозоната остануваат уверени дека производството ќе се зголеми во текот на следната година“, заклучува HCOB.
Слични новости
„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија
Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници
Цените на храната паднаа и во ноември
Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации
РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година


