Фудбалерот на Арсенал и репрезентативец на Англија Деклан Рајс е блиску до договор со раководството на Арсенал за продолжување на договорот, пренесе Би Би Си. Рајс кој има 27 години има договор со Атсенал до јуни 2028.

Британските медиуми наведуваат дека рајс стана клучен играќ на Арсенал од доаѓањето од Вест Хем во 2023 за 105 милиони фунти.

Би Би Си наведува дека за продолжување на договорот Рајс би добил големо зголемување на платата, а тој неделно заработува 240 000 фунти. Според новиот договор тој би се изедначил со најплатениот играч на Арсенал Букајо Сака кој неделно заработува 350 000 фунти.  

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.