Мрачната комедија и политички акционен трилер, продуциран, напишан и режиран од Пол Томас Андерсон „One Battle After Another“ со Леонардо Ди Каприо во главната улога, се најде на врвот на листата на филмски номинации за престижните холивудски Златни глобуси со девет номинации, по што следуваат норвешката семејна драма „Сентиментална вредност“ со осум и натприродниот хорор „Грешници“ со седум.

Меѓу номинираните во категоријата најдобар актер се, покрај Ди Каприо, и Двејн Џонсон за „The Smashing Machine“ (Дробилка: Живот во рингот) и Џеси Бакли за „Хамнет“.

Доделувањето на Златните глобуси се едно од првите холивудски церемонии на доделување награди што им претходат на најголемите награди во филмската индустрија – Оскарите, кои се одржуваат во март.

„One Battle After Another“ се смета за силен кандидат за најдобар филм на следните Оскари, а на Глобусите ќе му конкурираат „Marty Supreme“ и „Bugonia“ во категоријата најдобар мјузикл или комедија. Во филмот, режиран од Пол Томас Андерсон, Дикаприо игра неуспешен револуционер кој тргнува во акција кога животот на неговата ќерка е во опасност.

Во категоријата за најдобра драма се „Грешници“ и „Сентиментална вредност“ како и „Франкенштајн“ на добитникот на Оскар – Гилермо дел Торо, и „Хамнет“, приказната за семејството на Вилијам Шекспир. Џорџ Клуни и Адам Сандлер се номинирани за нивните улоги во „Џеј Кели“.

Аријана Гранде и Синтија Ериво се номинирани за најдобра актерка во „Негативец: Засекогаш“, иако вториот дел од приквелот на филмот „Волшебникот од Оз“ на „Universal Pictures“ не се најде во категориите за мјузикл или комедија.

Во новата категорија подкаст, гласачите за Златен глобус ги номинираа „Armchair Expert with Dax Shepard“, „Call Her Daddy“, „Good Hang with Amy Poehler“, „The Mel Robbins Podcast“, „Smartless“ и „Up First“ на американската државна телевизија NPR.

Мистериозниот филм на HBO „The White Lotus“ води во ТВ категориите со шест номинации за престижната награда, пред серијата со ограничено траење на „Netflix“ – „Адолесценција“, за 13-годишник обвинет за убиство.

„Netflix“, пионерот во стримингот кој се обидува да го преобликува Холивуд со купување телевизиски, филмски и стриминг средства од „Warner Bros. Discovery“, ги надмина сите мрежи со 22 номинации во ТВ-категориите.

Не треба да се заборави и независниот дистрибутер „Studio Neon“, кој стои зад филмовите „Сентиментална вредност“, „Тао беше само несреќа“ и „Таен агент“, а оваа година има најмногу номинации за филмови – дури дваесет и една.

Победниците ќе ги изберат повеќе од 300 новинари од светот на забавата од целиот свет, во споредба со околу 9.000 гласачи кои гласаат за Оскарите. Златните глобуси ќе бидат објавени на церемонија на 11-ти јануари во Беверли Хилс. Гласачкото тело за Златни глобуси е проширено последните години, а организаторите воведоа реформи по широките критики за етички пропусти и недостаток на разновидност.

Вторпат водителка на престижните награди ќе биде стендап комичарката Ники Глејзер, а шоуто ќе се емитува во живо на телевизиската мрежа CBS и на стриминзите на Paramount+.

globe

Слични новости

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.