Како последица на студеното невреме стотици кина во САД беа затворени, а граѓаните беа советувани да останат дома. Во такви услови, ова е најслабиот викенд на американскиот Бокс Офис а број еден филм е трилерот „Милост“ на Тимур Бекмамбетов со Крис Прат во главната улога.

Студиото Амазон МГМ извести дека заработката на филмот се движи околу 12 милиони долари, додека надвор од САД филмот заработи 11,6 милиони.

На меѓународните пазари и натаму царува „Аватар : Огин и Пепел“ кој викендов заработи 28 милиони долари и ја надмина бројката од 1 милијарди долари заработка од продажба на кино билети надво од САД.

Вкупно филмот кој е втор на американскиот Бокс Офис досега заработи милијарда и 379 милиони долари. Трет е Зоотопиа 2, исто така на студиото Дизни кој досега заработи неверојатни милијарда и 744 милиони долари.  

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.