Како последица на студеното невреме стотици кина во САД беа затворени, а граѓаните беа советувани да останат дома. Во такви услови, ова е најслабиот викенд на американскиот Бокс Офис а број еден филм е трилерот „Милост“ на Тимур Бекмамбетов со Крис Прат во главната улога.

Студиото Амазон МГМ извести дека заработката на филмот се движи околу 12 милиони долари, додека надвор од САД филмот заработи 11,6 милиони.

На меѓународните пазари и натаму царува „Аватар : Огин и Пепел“ кој викендов заработи 28 милиони долари и ја надмина бројката од 1 милијарди долари заработка од продажба на кино билети надво од САД.

Вкупно филмот кој е втор на американскиот Бокс Офис досега заработи милијарда и 379 милиони долари. Трет е Зоотопиа 2, исто така на студиото Дизни кој досега заработи неверојатни милијарда и 744 милиони долари.  

Слични новости

Доминација на Пол Томас Андерсон и неговиот филм „Една битка по друга„ на доделувањето на најзначајните филмски награди Оскарите

Доминација на Пол Томас Андерсон и неговиот филм „Една битка по друга„ на доделувањето на најзначајните филмски награди Оскарите

„Една битка по друга“ субверзивниот политички трилер на Пол Томас Андерсон е апсолутен победник на вечерта на Оскарите. Филмот го освои најзначајниот Оскар за филм на годината, а режисерот Пол Томас Андресон ги освои Оскарите за најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио.