Елиминацијата на италијанската фудбалска репрезентација до Светското фудбалско првенство го разурна италијанскиот фудбал во секоја смисла. Италијаните западнаа во нова криза која го потресува целиот нивни фудбалски систем.

Некогашниот светски шампион нема да настапи на трет Мундијал по ред, што претставува голем удар не само врз репутацијата , туку и врз финансиите.

Според наводите на „Газета дело спорт“ фудбалскиот сојуз на Италија ќе остане без најмалку 100 милиони евра сигурни приходи поради неуспехот во квалификациите.

Загубите ќе бидат од ФИФА, спонзорските пенали и послабата продажба на комерцијални права.

Слични новости

Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот

Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот

Албасете го победи Реал со 3:2, а поразот е тежок удар за новиот тренер Алваро Арбелоа кој во понеделникот го наследи неговиот некогашен соиграч Чаби Алонсо кој доби отказ од управата на Реал Мадрид по неуспехот во суперкупот во Џеда.