Поранешниот министер за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба смета дека Трамп ќе биде мотоворан од целта да проектира сила и лидерски способности и да покаже дека е способен да ги реши проблемите кои неговиот претходник не умееше да ги реши. Проектирањето сила, како што смета Кулеба, ќе значи подеднакво вршење притисок врз двете страни. Тој смета дека откажувањето од Украина, не е опција за САД.
Напредувањето на руската војска на истокот од Украина е причина за голем загриженост во Киев. Во наредните недели, властите во Киев се соочуваат со два проблеми: како да го запрат рускиот пробив на истокот, додека се подготвуваат за администрацијата на Доналд Трамп.
Во засолништето во Павлоград, на околу 100 километри на запад од линијата на фронтот, кој полека се поместува, евакуираните постојано пристигнуваат од селата и градовите зафатени со војната.
Најновите одлуки на Бајденовата администрација што се однесуваат на ракетите од долг дострел и противпешадиските мини, очигледно се донесени за да и помогнат на Украина да ја задржи територијата и нејзината област што ја освои во Курск.
Двете можат да станат предмет на преговри во наредната година, ако тоа биде правецот што ќе сака да го следи Доналд Трамп.
Поранешниот министер за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба смета дека Трамп се решил за паметен пристап. „Трамп јасно зацрта цел, сето тоа јас ќе го поправам, но не изнесе никакви детали“.
И покрај репутацијата на Трамп како остар преговарач, кој гаи восхит кон Путин, Кулеба смета дека Трамп многумина го гледаат на поедноставен начин. „Трамп умее да држи поширока слика во главата и сигурен сум дека на овие преговори нема да им пристапи чисто деловно“.
Кулеба смета дека Трамп ќе биде мотоворан од целта да проектира сила и лидерски способности и да покаже дека е способен да ги реши проблемите кои неговиот претходник не умееше да ги реши. Проектирањето сила, како што смета Кулеба, ќе значи подеднакво вршење притисок врз двете страни. Тој смета дека откажувањето од Украина, не е опција за САД.
„Имајќи во предвид дека падот на Авганистан нанаесе тежок удар на репутацијата на САД и нивната надворешна политика, ако Трамп спроведе сценарио кое би ја фаворизирало Русија, Украина би станала Трампов Авганистан, со слични последици“ смета Кулеба, кој е уверен дека такво нешто не поскаува новиот американски претседател.
Зеленски неодамна изјави дека Киев би сакал да ја оконча војната во 2025 со дипломатски средства. Војната ќе се заврши побрзо со Трамп во Белаката куќа, додаде Зеленски.
Во Дњепар, еден од главните политички центри во земјата, постојано доаѓа прилив на ранети војници. Самите ветерани, се малку оптимисти во поглед на исходот на војната.
Тие сметаат дека на Украина ќе им бидат одземени Доњецк и Луганск, како и Крим. „Нема да успееме да ги потиснеме Русите од тие области. Немаме ниту вооружување ниту трупи за такво нешто“, сметаат ветераните.
Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека се повеќе Украинци посакуваат војната да заврши што побргу. Се повеќе луѓе изјавуваат дека се подготвени да се откажат од дел од територијата, само да биде постигнат мир.
Би Би Си
Слични новости
Што пропуштивме во Сирија
Се случува она што Фуко го карактеризираше како „пацифизирачка нормализирачка форма на западната моќ“, односно крај на идеологијата. Имаме само раштркани поединци од кои секој е фокусиран на својата грижа за себе.
Тејлор Свифт се искачи на врвот на светот. Што понатаму?
Тејлор Свифт собори рекорди, влезе во историјата и буквално предизвика земјотрес со својата двегодишна турнеја вредна две милијарди долари. Што друго можеше да направи најголемата ѕвезда на светот после тоа?
Криза на германските банки за храна
Третина од банките за храна се принудени да ја прекинат дистрибуцијата на храна или да воведат листи на чекање одвреме-навреме, а 60 отсто од нив имаат намалени пакети