Актерот Кевин Спејси изјави дека во моментов нема свој дом и дека живее во Ербнб сместување, откако се соочи со повеќекратни обвинувања за сексуално вознемирување и напади. Кевин Спејси за Телеграф изјави дека „трошоците во последните седум години му се астрономски“ и дека поради тоа ја загубил куќата во Балтимор, како и дека неговата финансиска состојба во моментов „не е сјајна“.

Актерот Ентони Рап во 2017 објави дека Кевин Спејси сексуално го вознемирувал како тинејџер, а потоа уследија дополнителни обвинувања од над 30 мажи. Спејси ги негираше обвинувањата, а повеќеѕ тужби на крајот беа отфрлени или резултираа со ослободителни пресуди.

Спејси призна дека веќе не е во можност да ги плати долговите и размислува да поднесе барање за личен бакнрот.

Слични новости

Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели

Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели

Поранешната француска филмска ѕвезда и активистка за заштита на животните, Брижит Бардо, моментално се опоравува и сака да ги увери оние кои се загрижени за нејзиното здравје, соопшти нејзината фондација