Вечерва на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта ќе се одигра финалето на Лигата на шампионите во фудбал меѓу Арсенал и ПСЖ.

ПСЖ е бранител на титулата откако во минатогодишното финале го декласираше Интер со 5:0, а со втора освоена титула по ред би станале „династија“.

Тимот е извонреден и игра најдобар фудбал на светот, Командант на одбраната е капитенот Маркињос, во среднот ред доминираат Витиња и Невеш, а ударната тројка во нападот ја сочинуваат Кваратскелија, Дуе и Дембеле.

Во полуфиналето на годинашното издание ПСЖ му даде 5 гола и на Баерн Минхен, во еден од најдобрите меќеви во историјата на ЛШ кој заврши со резултат од 5:4 на натпреварот во Париз. Во реваншот во Минхен беше нерешено 1:1. 

Арсенал во финалето се очекува да игра ќе игра позатворено и да ја чека својата шанса од прекин на игра каде што е најопасен.

Во средниот ред кај Арсенал клучни ќе бидат Деклан Рајс и Езе, а во нападот ќе играат Сака, Ѓокереш и Мартинели.

 

Слични новости

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Тренерот на Арсенал МИкел Артета изјави дека во вчерашниот натпревар против Манчестер сити неговата екипа пропушти шанса да направи голем чекор кон освојување на титулата, но дека и натаму верува во успех.