Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње. Жртвата ја зеле од пред нејзиниот дом на 7 декември, ја однеле во куќата на осомничените, каде започнале расправија за одредени недоразбирања.
Потоа ја затвориле во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, а осомничениот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје.
Заедно со количка го внеле телото на жртвата во автомобилот, го однеле во атарот на селото Неготино, каде го спуштиле во ископана дупка, го запалиле и го покриле со земја, гранки и различни предмети.
Слични новости
Тошковски: Во тест периодот од половина месец на „Безбеден град“ намален бројот на повредени во сообраќајните несреќи
Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги решаваме сите проблеми, кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме, имаме 145 жртви, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на собраниската говорница во одговор на прашање од пратеникот Илир Хасани од Европски фронт
Собранието ја изгласа потребата од носење Предлог закон за Судски совет
Со мнозинство гласови, пратениците во Собранието денеска ја изгласаа потребата од носење Предлог-закон за Судски совет, кој се проследува на второ читање
ЕВН предлага зголемување на струјата за 6 насто
Предлог одлуката за новата цена на ЕВН Хоум ќе ја достави на увид до регулаторите до крајот на неделава, а регулатоната комисија треба да ја одобри.


