Поднесена е кривична пријава против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.Д.(23) и М.В.(35), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари, информираа од МВР.

 

Слични новости

Во Македонија активни четири пожари

Во Македонија активни четири пожари

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Денеска намалени гужвите на граничните премини, но сеуште се чека на Табановце и Богородица

Денеска намалени гужвите на граничните премини, но сеуште се чека на Табановце и Богородица

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.