Два трговски брода беа нападнати во бугарската економска зона во Црното Море, на околу 70 морски милји источно од Бјала. Едниот брод потона, вториот беше оштетен и зафатен од пожар, а бугарските власти потврдија дека станува збор за напад со беспилотни системи.

Бугарскиот премиер Румен Радев го оцени нападот како недозволив и како грубо кршење на меѓународното и поморското право. Според официјалното соопштение на владата во Софија нападот се случил околу 3 часот наутро, а биле употребени воздушни и морски дронови.

Најтешко е погоден „Алфа Ватан“ (ALFA WATAN), кој пловел под знамето на Того. Бродот претрпел критични оштетувања и потонал. Нема информации за преживеани од бродот.

Засега ниту Украинците, ниту Русите не ја презедоа одговорноста за нападот.

Слични новости

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на Петар Маѓар

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на Петар Маѓар

Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.