Помошник директор за производство на електрична енергија и советник за комерцијални работи биле сведоците од ЕСМ кои сведочеле дека државната компанија не претрпела штета од јавните набавки на мазутот за ТЕЦ Неготино, потврди обвинителката Катерина Коларевиќ за Телма.
Според нејзините тврдења, поради таквото сведочење дадено на 4-ти март оваа година во обвинителството за гонење на организиран криминал е прекината истрагата по пријава на МВР за штета од над 167 милиони евра врз државниот буџет.
Истрагата е запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски- сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулковски и уште 8 други осомничени.
Со пријавата тие беа осомничени дека правеле злоупотреби со јавните повици за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во енергетскјата криза од крајот на 2021-ва до средината на 2023-та година и дека испораките на мазут не биле согласно договорот.
Обвинителството го затвори случајот тврдејќи дека не обезбедило доволно докази.
Слични новости
За една година цените на угостителски услуги во Македонија поскапеа за 2,8 отсто
Цените на угостителските услуги во Македоија во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %, објави Државниот завод за статистика.
Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа во посета на Македонија
За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација.
Собранието трет пат ќе се обиде да избере член на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интеврјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата


