Помошник директор за производство на електрична енергија и советник за комерцијални работи биле сведоците од ЕСМ кои сведочеле дека државната компанија не претрпела штета од јавните набавки на мазутот за ТЕЦ Неготино, потврди обвинителката Катерина Коларевиќ за Телма.
Според нејзините тврдења, поради таквото сведочење дадено на 4-ти март оваа година во обвинителството за гонење на организиран криминал е прекината истрагата по пријава на МВР за штета од над 167 милиони евра врз државниот буџет.
Истрагата е запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски- сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулковски и уште 8 други осомничени.
Со пријавата тие беа осомничени дека правеле злоупотреби со јавните повици за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во енергетскјата криза од крајот на 2021-ва до средината на 2023-та година и дека испораките на мазут не биле согласно договорот.
Обвинителството го затвори случајот тврдејќи дека не обезбедило доволно докази.
Слични новости
Советничка на ЗНАМ во Прилеп го напушти мнозинството и ќе дејствува независно
Мирјана Стеваноска, советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп денеска соопшти дека ја напушта владејачката коалиција. Стевановска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на последните локални избори.
МЕПСО ја оспорува одлуката во корист на Енергоинвест “
МЕПСО ја оспори одлуката на предарбитражниот одбор за спорови кое неодамна одлучи дека босанската компанијата Енергоинвест има право да бара 6 милиони евра поради тоа што македонскиот преносен систем го раскине договорот со нив
Германско-македонски бизнис самит
Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје.


