Помошник директор за производство на електрична енергија и советник за комерцијални работи биле сведоците од ЕСМ кои сведочеле дека државната компанија не претрпела штета од јавните набавки на мазутот за ТЕЦ Неготино, потврди обвинителката Катерина Коларевиќ за Телма.
Според нејзините тврдења, поради таквото сведочење дадено на 4-ти март оваа година во обвинителството за гонење на организиран криминал е прекината истрагата по пријава на МВР за штета од над 167 милиони евра врз државниот буџет.
Истрагата е запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски- сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулковски и уште 8 други осомничени.
Со пријавата тие беа осомничени дека правеле злоупотреби со јавните повици за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во енергетскјата криза од крајот на 2021-ва до средината на 2023-та година и дека испораките на мазут не биле согласно договорот.
Обвинителството го затвори случајот тврдејќи дека не обезбедило доволно докази.
Слични новости
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја критикуваше министерката Петрова-Чамова за терминот „северномакедонски“
Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит“, објави министерот Тимчо Муцунски на Фејсбук
Новата министерка за надворешни работи на Бугарија Петрова-Чамова порача дека Македонија мора да ја почитува превоварачката рамка на ЕУ за било каква европска перспектива
Бугарија има јасно изразена позиција, која од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку е прашање на дискусија меѓу Европската Унија и земја кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години, а доколку не ја искористат оваа можност, навистина може да изгубат, рече Петрова-Чамова.
ВЛЕН: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците
На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВЛЕН не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект.


