Како што објавија некои медиуми, кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот. По ова, убиецот си го одзел животот со истрел во главата.

„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза“ за укажување помош’. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, инфорираат од МВР.
Како што објавија некои медиуми, кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот. По ова, убиецот си го одзел животот со истрел во главата.
Слични новости
Услуги од 15 институции ќе се добиваат на еден шалтер
Комитетот за управување со Националниот едношалтерски систем, со кој претседаваше министерот за транспорт Александар Николоски, го усови предлог на Законот за едношалтерска околина, нов закон со кој ќе се обезбеди збир на едношалтерски услуги кои ги обезбедуваат 15 институции во делот на увозот, извозот и транзитот на стока
Триесетдневени притвор доби членот на обезбедувањето на Мицкоски
Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски доби 30 дена притвор.
Закрепнаа 93 пациенти од пожарот во Кочани, уште 100 се на лекување во земјава и во странство
Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, а подобрена е состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба, информира утрово министерот за здравство Арбен Таравари.