Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На останатите 14 лица одбиени им се жалбите и за нив е потврдена мерката притвор.
Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој по трагедијата поднесе оставка од функцијата.
Во пожарот што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 лица, а околу 200 повредени се лекуваат во болниците во земјава и странство.
Слични новости
Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност
. Со новата верзија се воведуваат иновативни технологии кои ќе генерираат напредна аналитика на податоци со која ќе се постигне поголема отчетност при трошењето на јавните средства, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
СДСМ: Андоновски да каже дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родители на вработен во Министерството
Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во Министерството, побараа
Дирекцијата за ТИРЗ на 15. место од вкупно 50 институции со 61,1 отсто исполнетост на системот за интегритет
Дирекцијата за ТИРЗ според Извештајот за имплементација на интегритет изработен од Државната комисија за спречување корупција, се најде на 15. место на ранг листата од вкупно 50 институции, со 61,1 отсто на исполнетост на системот за интегритет