Двајца британски државјани се осомничени за синоќешниот напад со нож во воз, кој не се третира како терористички напад, соопшти полицијата во неделата.

Британската транспортна полиција (BTP) соопшти дека две лица, од единаесетте повредени, сѐ уште се во критична состојба по крвавиот напад со нож во брзиот воз во саботата навечер.

Полицискиот началник Џон Лавлес рече дека двајцата осомничени, на возраст од 32 и 35 години, се родени во Велика Британија.

Полицијата прогласи „голем инцидент“ и рече дека осомничените се уапсени откако возот од Донкастер до Лондон Кингс Крос бил запрен во 18,25 часот по локално време на станицата Хантингдон на стотина километри од Лондон.

Зборувајќи за телевизијата Sky News во неделата утрото, британскиот министер за одбрана Џон Хејли рече дека „нема причина зошто останатите од нас не треба да продолжиме со нашите животи“, опишувајќи го нападот како „изолиран“.

„Според првата проценка, ова беше изолиран инцидент, изолиран напад“, рече Хејли, објаснувајќи дали нападот бил поврзан со тероризам. „Но ние ќе ги објавиме тие видови заклучоци, тие понатамошни проценки и тие информации на јавноста штом ќе ги собереме“, рече тој.

globe

Слични новости

ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

безбедноста на Украина
Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен