Група млади лица од Тетово кои се идентификуваат како иницијатива „Нула“ во петокот пред зградата на Основен суд Тетово и Обвинителството оставија противпожарен апарат за да симболично ја потенцираат важноста од потреба за правда во трагедии кои се случиле во градот и државата.
Претставниците на иницијативата рекоа дека противпожарните апарати се потребни затоа што објектите во државата лесно страдаат во пожари, а важна задача што обвинителите и судиите ја имаат е да ја разоткријат вистината.

„Да ги изведат пред правдата и да ги стават зад решетки, вистинските виновници и тие што се одговорни за трагедијата во Кочани, каде што загинаа 59 млади. За пожарот во модуларната болница во Тетово каде што загинаа 14 наши граѓани. За несреќата со Беса Транс во Бугарија каде загинаа 45 граѓани, за несреќата со Дурмо Турс во Ласкарци, каде што загинаа 16 граѓани и за многу други трагедии што за жал немаше никаква казна до ден денес. Исто така, ваша должност е да ги изведете пред одговорност и судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата во овие и во многу други случаи. Граѓаните во оваа држава сакаат да имаат вистинска правда и сакаат да гледаат правда што вистински функционира. Пред да бидат принудени сами да ја земат правдата во своите раце“, изјави Бленди Ходаи од иницијатива „Нула“.
Иницијативата ќе има активности и во понеделник.
„Ја информираме јавноста дека во понеделник од 12 и 30 часот ќе се собереме пред плоштадот во Тетово и ќе протестираме до основниот суд во Тетово во знак и во протест на сите трагедии што се случува од сега во Кочани, па и за пожарот во модуларната болница барајќи одговорност. Заради тоа што правдата не може и не смее да биде во сенка, а мора да има одговорност за сите случаи за тоа. Ние како граѓани во Тетово за тоа ќе протестираме, затоа тие тоа ни е нашата должност како како граѓани“, истакна Ходаи.
Претставниците на иницијатива „Нула“ велат дека ги иницираат активностите за да не се случуваат трагедии кои сите ги имаат заеднички карактеристики корупцијата и неказнивоста од страна на институциите.

Слични новости
Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава, 24,4 милиони евра за буџетска поддршка
Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии.
ДКСК: Започнавме постапка за антикорупциска проверка на законите за угостителска дејност, заштита и спасување, законот за инспекциски надзор, законот за локалната самоуправа
Антикорупциската проверка на законите како процес подразбира целосна и систематска проценка на правните прописи за да се идентификуваат можности за злоупотреба, конфликт на интереси, нејаснотии и празнини во законите кои би можеле да поттикнат коруптивни практики
Четири пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
Четири пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична состојба, а очекуваме осум да се вратат неделава во државава, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција