Семејството на Оскаровката Дајан Китон која почина на 11 октомври, откри дека славната актерка починала од пневмонија. Семејтвото се заблагодари за сите пораки на љубов и поддршка за саканата Дајан Китон во изминатите денови.

Семејството порача дека таа многу ги сакаше нејзините миленичиња и дека беше голем поддржувач на правата на животните, така што секоја донација во нејзин спомен на прифатилишта за животни би бил прекрасен и многу ценет придонес кон неа.

Дајан Китон беше позната по нејзините улоги во „Ени Хол“, трилогијата „Кум“ „Нешто треба да дадете“ и многу други филмови кои оставија печат врз американскиот филм. Таа беше и модна икона со уникатен стил кој ги охрабруваше жените да го изразат сопствениот идентитет.

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година